Изгласана потребата од носење на Законот за употреба на јазиците
Собранието на Република Македонија гласаше за потребата од носење на Предлог-законот за употреба на јазиците со што тој влегува во втора фаза кога пратениците имаат можност да поднесуваат амандмани.
За потребата од носење на законот гласаа 66 пратеници, а 41 пратеник беа против.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски пред гласањето истакна дека неговата партија ќе гласа против бидејќи сметаат дека законот е противуставен и е дискриминаторски кон македонскиот јазик и останатите јазици кои ги говорат граѓаните во Македонија.
- Ние нема да гласаме за потребата од донесување на овој закон. Ќе ги разгледаме сите демократски постапки во следнта фаза да се отстранат слабостите во овој закон, рече Димовски.
По гласањето, Димовски побара половина час пауза и да му биде доставена листа од гласањето.
Амандманите за Предлог-законот ќе се разгледуваат на Комисијата за европски прашања, бидејќи законот е со европско знаменце. Потоа законот во второ читање ќе оди повторно на пленарна седница на дебата по што ќе следува финално изјаснување на пратениците по текстот.
Ново на Сител
-
Бугарија со остри реакции на изјавата на Мицкоски – Бугарите во уставот е услов на ЕУ, не на Софија
-
Обвинителството нареди вонреден инспекциски надзор над загадувачите на воздухот во Скопје
-
Протоколите стигнаа до училиштата: Како до заштита од хибриден напад?
-
Во сезоната на грип евидентирани повеќе од 11 000 случаи
-
ССМ: Нема работници затоа што им давате ниски плати
-
Преглед на вестите од светот
-
Опозицијата предлага мерки за намалување на цените
-
Бројот на мигранти на јужната граница намален за 65%