Изгаснат пожарот на Сува Гора каде гореше борова шума
По околу шест часа изгаснат е пожарот во борова шума на планината Сува Гора во атарот на село Милетино во општина Брвеница. Пожарот, како што информираа од Центарот за управување со кризи, е изгаснат околу 17 часот.
Интервенцијата за гаснење почна од 11 часот од страна на тетовските пожарникари и на три противпожарни авиони „ер-трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување и еден хеликоптер на Министерството за внатрешни работи.
- Пожарот во Општина Брвеница, кај село Милетино е изгасен. Трите противпожарни авиони на ДЗС и хеликоптерот на МВР се повлечени. На терен ќе останат да дежураат вработени од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово, ЈП „Национални шуми“ и од полицијата, информираа од Центарот за управување со кризи.
Од Територијалната противпожарна единица во Тетово информираа дека една нивна екипа интервенирала и на пожар на отворено во атарот на село Лешок, општина Теарце.
Ново на Сител
-
Две лица загинати откако со мотор удриле во бетонски столб во Скопје
-
Ѓоковиќ се пласира во финалето на турнирот во Женева
-
Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната, разменети се 780 луѓе
-
Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари
-
Силно невреме го зафати Белград, поплавени улици колапс на сообраќајот
-
Идниот гувернер ќе се избира на 28 мај
-
Косовски полицаец држел за врат српски матурант и го малтретирал во Косовска Митровица
-
Црвен крст: Досега собрани 156.542.967 денари за настраданите од пожарот во Кочани