Изетбеговиќ: Да се проверат тврдењата на Хашкиот трибунал
Претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ, смета дека треба да се проверат тврдењата на Хашкиот суд кои се изнесени во пресудата на првиот претседател на Република Српска Радован Караџиќ, дека Бошњаците го гранатирале својот народ и меѓународните институции.
Изетбеговиќ пред новинарите во Сараево изјави дека не ја прочитал целата пресуда на Караџиќ и дека не знае на што се засноваат тврдењата на Судскиот совет во Хаг.
- Тоа се стари тврдења, и доколку Судот ги потврдил, треба да се види врз која основа го направил тоа, нагласи Изетбеговиќ.
Судскиот совет на Хашкиот трибунал заклучи дека поранешната Армија на БиХ гаѓала цели на ОН и територии под нејзина контрола со цел да привлече внимание на меѓународната заедница.
Ова тврдење, за време на изрекувањето на пресудата на Караџиќ, кој е осуден на 40 години затворска казна, го истакна судијата О-Гон Квон.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Јован Деспотовски
-
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека ДУИ и СДСМ го уништуваат здравството и во последните денови од владеењето
-
Продолжуваат преговорите за влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, учеството на Знам неизвесно
-
СДСМ се подготвува за нов лидер
-
Нов хаос на Клинички, цела ноќ ќе нема вода - операции не се прават и во кумановската болница
-
ФЕД нема да ги намали каматите, ЕЦБ ќе почне од следниот месец
-
Холанѓаните пристигнуваат - Охридскиот аеродром раздвижен
-
ЦУК со иницијатива до Град Скопје