Иванов: Горд сум што моите студенти се слободоумни луѓе
Горд сум што моите студенти се слободоумни луѓе, одговори претседателот Иванов на критиките од неговите поранешни студенти.
- Јас не сум човек што ќе гради политичка кариера од вакви настани, како што тоа некој го прави овие денови и овие моменти. Не сум таков. Јас сум професор. Горд сум што сум успеал да создадам генерации кои учествуваат во сето она што е иновативно и креативно. Слушам ме критикуваат мои студенти. Јас се радувам на тоа. Сум создал слободоумни луѓе, кои можат и својот професор да си го критикуваат. Тоа е мој успех, порача шефот на државата.
Во однос на вчерашните насилни протести во кои беше демолирана Народната канцеларија на Претседателот, Иванов одговори дека толпа лесно се заведува, но тешко се контролира.
- Лесно се заведува толпа. Лесно може да ја заведете, но после тешко ја контролирате. Народната канцеларија не е моја лична канцеларија, таа е канцеларија на сите граѓани. Илјадници луѓе добија помош и поддршка од таа канцеларија. Илјадници млади деца, лица се промовираа преку таа канцеларија, рече Иванов во интервјуто.
Иванов посочи дека е горд на досегашната поддршка од народот. Како што истакна 70 проценти од Македонците и 65 проценти од сите граѓани имаат позитивно мислење и доверба во него.
Ново на Сител
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол
-
Фон дер Лајен најави една милијарда евра помош од ЕУ за Либан
-
Поранешниот лидер на Златна зора, осуден за водење криминална организација, ќе биде пуштен од затвор
-
Курти: Ги исполнивме сите барања на ЕУ за укинување на рестриктивните мерки
-
АСО: Неоправдано и без основа зголемувањето на цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност
-
Почина таткото на Тоше, Никола Проески