Истече рокот за поднесување тужби до Управниот суд
Синоќа истече рокот за поднесување тужби до Управниот суд за одлуките на Државаната изборна комисија по приговорите поднесени од партиите за гласањето и сумирањето на резултатите од предвремените парламентрани избори на 11 декември.
СДСМ соопшти дека поднел четири тужби до Управниот суд кои се однесуваат на гласањето во избирачки места во изборната единица 6. Движењето Беса, пак, објави дека нема да поднесе тужби до Управниот суд на одлуките на ДИК да отфрли седум од осумте нивни приговори за изборниот процес.
ДИК прифати само еден приговор од Беса и поништи гласање на едно избирачко место во Гостивар, а ги отфрли шесте приговори поднесени од Коалицијата предводена од СДСМ.
Решението за поништеното гласање во гласачкото место во Гостивар, според заклучокот на ДИК, треба да биде доставено и до партиите и коалициите учесници на изборите во Изборната единица 6, кои исто така ќе можат да ја обжалат одлуката до Управниот суд.
Судот, пак, има рок од 48 часа по примањето на тужбите да одлучува по нив. Одлуката треба во рок од 24 часа треба да ја објави на својата веб-страница.
По тужбите Управниот суд одлучува во совет од петмина судии избрани по пат на жрепка, на јавна седница за која ја информира јавноста и овластените претставници по чии тужби се одлучува. Објавените одлуки на веб-страната на ДИК, како што е наведено во Роковникот на Комисијата, ќе го содржат и начинот на гласање на секој судија поединечно.
Седницата на ДИК за приговорите траеше три дена, со што беа пробиени роковите предвидени во Роковникот за изборите. Според тоа, се пролонгира и рокот за конечните резултати. Тоа ќе се случи откако ќе бидат познати одлуките на Управниот суд, и доколку нема прегласување на некое избирачко место. Доколку има прегласување, тоа треба да се одржи на 25 декември.
Ново на Сител
-
Украинската државна железница погодена од голем кибер напад
-
ОЈО бара притвор за 44-годишен маж кој украл 10 илјади евра од менувачница
-
Светски ден за борба против туберкулоза, 290 случаи во државава во 2023 година
-
Волц: Веќе се запрени воздушните напади врз руската и украинската инфраструктура
-
Демонстрантите во Истанбул четврта ноќ по ред протестираат против апсењето на градоначалникот Имамоглу
-
Стабилна е состојбата на сите 15 повредени од Кочани кои се хоспитализирани во Бугарија
-
Една недела од трагедијата во Кочани, критични пет пациенти, продолжува истрагата
-
Со сослушување на обвинетите продолжува судењето за Вања и Панче