Николовски: Има голема потреба од кадровско екипирање и засилување на Инспекторатите на државните органи
Има голема потреба од кадровско екипирање и засилување на Инспекторатите на државните органи, затоа што одредени инспекторати имаат само по десетина инспектори за делување на територијата на целата држава, потенцираше во вчерашното гостување во Дневникот на ТВ Сител, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.
- Тоа во суштина е главниот проблем на јавната администрација, одредени сектори се превработени со лица кои што имаат помалку активности, а одредени сектори имаат недостаток на вработени, а имаат огромни ингеренции. Дали тоа некој го правел намерно, за да може ваков систем да царува во државата или е случајно, денес веќе е неважно, важно е како ние ќе се организираме во иднина и мислам дека инспекторатите мора да зајакнат, да се зголеми бројот на вработени, пред се инспектори, не административци, како би можеле да ја покриваат целата територија. На пример, Државниот пазарен инспекторат има вкупно 40 вработени инспектори за цела Македонија, што значи огромен недостиг на кадар за покривање на сите ингеренции и контрола на сите зададени надлежности, истакна вицепремиерот Николоски.
Тој најави и одговорност за сите кои го изигруваат и не го почитуваат законот а во однос на направените контроли што се спроведуваат во ноќните клубови и кабареа ширум државата.
- Државниот пазарен инспекторат настапува со асистенција на Министерството за внатрешни работи и го информираат Јавното обвинителство за активностите кои што ги преземаат, така што овие случаи нема да останат само на констатирање на неправилност, туку секако ќе следи и кривична одговорност секаде каде што се изигрувал и не се почитувал законот, истакна Николоски.
Со почит
Министерство за транспорт
Ново на Сител
-
Макрон по средбата со Зеленски: Европа стои зад Украина
-
Карни: Царините на Трамп им штетат на Американците
-
Двајца Македонци загинаа во тешка сообраќајка во Италија | ФОТО
-
Таравари очекува од 40 до 50 пациенти кои се лекуваат надвор од државата да имаат потреба за подолготрајна рехабилитација
-
Маж брутално тепа бремена жена „во живо“ на „ТикТок“ во Радовиш | ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО
-
Една сезона може да биде и 1 милион евра | Игор Стефановски - Иџе | Sitel Podcast 086
-
Пациент кој по пожарот во Кочани се лекуваше во Грција се врати во државава, вечерва се очекуваат уште четворица пациенти од Шпанија
-
Меџити: Шар Планина и Пелистер добиваат нови инфо центри