Исламската верска заедница ги отвора џамиите на 12 мај
13 муфтии на чело со реисот Сулејман Реџепи донеле одлука џамиите да бидат отворени за молитви од вторник, односно од 12. мај. Од ИВЗ велат дека намалувањето на бројот на заразени со Ковид-19 е добар услов за да донесат ваква одлука.
Во објавата на ИВЗ се наведува дека до сега строго се спроведувале препораките за заштита на граѓаните од ширењето на вирусот и дека тие се единствената верска институција која побарала од нивните верници да се придржуваат до рестриктивните мерки.
-ИВЗ е единствената верска институција во земјава која јавно побара од исламските верници да се придржуваат кон препораките за одржување на здравјето, иако ниту еден од надлежните органи не даде позитивна оценка за нас, туку напротив, некои кругови блиски до Владата постојано ја напаѓаа ИВЗ и лидерот на ИВЗ, наведува ИВЗ во своето соопштение.
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во Чиле
-
Министерство за енергетика: Распределбата на ваучери се одвива според предвидената динамика
-
Американците гуглаат како да заминат од земјата по победата на Трамп
-
Исчезната жена во Скопје, семејството моли за помош
-
Австрија ја прогласи целата земја за ризична област поради појава на птичји грип
-
Ѓердан што сведочи за пропаста на Марија Антоанета оди на надддавање
-
Реформската агенда на владата пред пратениците
-
Мицкоски оптимист по средбата со Макрон