Искршено изложно стакло на изборен штаб на Беса
Засега непознат сторител или сторители искршиле едно од изложните стакла на изборниот штаб од движењето Беса во селото Слатино, општина Теарце, информираат од Беса.
Оттаму посочуваат дека се сомневаат оти зад тоа стојат владејачките партии, но и дека нема на сличен начин да возвраќаат на како што рекоа вакви провокации.
- Очигледно е дека партиите на власт соочени со сигурниот пораз што ги очекува на 11 декември се обидуваат на секаков начин да ја спречат оваа сигурна победа на движењето Беса и коалицијата вака се соочуваат со нашите членови и со сите тие кои ги подржуваат нашите политики. Ние даваме еден знаг и сигурен сигнал дека нашите членови нема да возвратат со иста мера на овие провокации. Ние сме тука да укажеме дека скаме да воведеме еден нов дух во македонската политика и со тоа нема да возвратиме со иста мера и на ваков начин да се соочуваме со нашите политички противници изјави Амри Елези, член на движењето Беса од Слатино.
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024