Македонија
6. May 2017 - 14:23

Исчезна штитеник од домот „Ранка Милановиќ“

Вработен во домот „Ранка Милановиќ“ од Скопје вчера во полициската станица Гази Баба пријавил дека исчезнал нивниот штитеник Н.Д. (20). 

Како што соопшти денеска МВР, штитеникот на домот самоволно ја напуштил установата на 21 април годинава во 7:45 часот и се оддалечил во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.