-->
-->
Исчезна Самир Салиевски, полицијата и семејството трагаат по него
-->
Триесет и петгодишниот кумановец, Самир Салиевски од вчера од 10 часот се води како исчезнат. Случајот е пријавен и во полицијата.
Од СВР Куманово денеска информираат дека вчера во 22:00 часот во СВР Куманово, С.С.(21) од Куманово пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот брат С.С.(35) од Куманово. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето.
Семејството денеска апелираше до граѓаните доколку имаат каква било информација да пријават во полициската станица или на контакт телефон 071 329 068. Според нив последен пат лицето било забележано во кумановското село Доброшане.
Од семејството нагласуваат дека лицето е глувонемо.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети