Иранскиот претседател Рохани му ветил поддршка на Асад
Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска телефонски разговарал со сирискиот водач Башар ал Асад, при што му ветил дека Иран ќе продолжи да ја поддржува Сирија, по ракетните напади на САД, Британија и Франција.
- Нападите не беа насочени само против Сирија туку прорив целиот регион. Доколку се загрози територијалниот интегритет и суверенитет на Сирија, не само што целиот регион ќе стане помалку стабилен, туку ќе се охрабрат терористичките групи, изјавил Рохани, пренесе новинската агенција ДПА.
Претходно, иранскиот врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамени во врска со нападите ги оквалификува американскиот претседател Доналд Трамп, британската премиерка Меј и францускиот претседател Макрон како „криминалци“.
- САД и нивните сојузници нема да постигнат ништо со злосторствата во Сирија.истакна Хамнеи на состанок со политичките и воени лидери во Иран. „Американскиот претседател, британскиот премиер и францускиот претседател се криминалци, Тие нема да добијат ништо и нема да имаат никаква корист од нападите“, нагласи ајатолахот. Иран е главниот воен и политички сојузник на Асад во Сирија.
Ново на Сител
-
Среќна Нова 2025 Година
-
Спекакуларни прослави за новогодишната ноќ
-
Првото бебе на скопска Гинекологија е машко
-
Новогодишната ноќ минала мирно без поголеми инциденти
-
Песни и оро во срцето на Скопје, продолжува традицијата стара речиси цел век
-
Отворен ски-центарот „Михајлово“ на Кожуф
-
Мицкоски за Судски совет: Уништен им е кредибилитетот
-
Полска го презема претседателството со ЕУ – од денеска Бугарија и Романија во Шенген