Свет
23. February 2016 - 12:51

ИОМ: Над 100.000 мигранти пристигнаа во Европа од почетокот на годинава

Повеќе од 100.000 мигранти и бегалци пристигнаа во Грција и Италија од почетокот на годинава, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Од тој број, најмалку 97.325 пристигнале на грчките острови, а 7.507 во Италија, се наведува во извештајот на ИОМ.

Во истиот период животот го загубиле повеќе од 410 мигранти и бегалци, а маршрутата преку источниот дел на Средоземно Море, меѓу Турција и Грција, и натаму важи за најсмртоносна, имајќи предвид дека тука се удавиле 321 мигрант.