Интимен театар од Битола со претставата „Со љубовта шегување нема“ на „Охридско лето“
Театарската програма на „Охридско лето“ продолжува со претставата „Со љубовта шегување нема“, работена според текст на Алфред де Мисе, а во изведба на Интимен театар од Битола.
Станува збор за поставка создадена врз идејата за неолиберализмот и суровиот капитализам што го проголтува и уништува секој човеков обид да се живее надвор од таквата матрица.
Режисерката на претставата Софија Ристевска, која е и основач и директор на Интимниот театар од Битола, на денешната прес-конференција рече дека претставата говори за ринг во кој човекот стои наспроти парите, капитализмот, неолиберализмот.
- Во претставата зборуваме за тоа како капиталот го јаде човечкото во човекот...Зборуваме за проблемите на денешниот свет, конструиран само и единствено врз правилата на капиталот, во кој човекот нема алтерантиви, освен да се потчини и да се постави во функција на парите, истакна таа, нагласувајќи дека претставата го поставува прашањето дали денес љубовта ги има истите вредности како во минатото, дали таа е исто толку важна, доколку преку љубовта се подразбира човечноста.
Актерката Катерина Аневска за соработката со режисерката Ристевска рече дека претставува личен благодет, но истовремено и исклучителен предизвик што му го посакува на секој свој колега актер.
- Тука се работи за физички театар, каде преку физичко дејствување ја пренесуваме главната идеја на претставата која поставува многу прашања, прашања кои ги измачуваат сите, прашања од типот овде и сега, дали капитализмот изаби се што е човечко и хумано, рече Аневска.
Нејзината колешка Стефанија Милевска, која инаку е професионален танчер, за режисерската поставка вели дека на протагонистите им дава можност да се оди на многу места.
- Колку повеќе ја играме претставата сфаќаме дека пренесуваме порака на некое друго ниво, оттаму што истата се изведува на мошне нестандарден начин. Лично сметам дека овој претставата поставува нови стандарди, нудејќи нешто различно од досега изведуваното, рече Милевска, воздржувајќи се од откривање повеќе детали, со цел што да заинтригира што повеќе вљубеници во театарот да дојдат и да ја одгледаат нивната игра.
Интимниот театар од Битола постои две години и исто толку изведува престави врз репертоарен принцип, со по две претстави седмично. Спецификата на Интимен театар, според Ристевска, е тоа што работи со млади драматурзи, додека класичните претстави драмски целосно се деконструираат, за да понуди уметничко дело сработено по своја мера.
Претставата „Со љубовта шегување нема“ ќе се игра вечерва од 21 часот на просторот во предворјето на ОУ „Свети Климент Охридски“.
Ново на Сител
-
Облачно со слаб ветер, дневната температура до седум степени
-
Македонија со 4 финалисти на Европското во Пловдив
-
Терористички напад во Франција – убиен минувач, тешко ранети полицајци
-
Ватикан: Папата Франциск во критична состојба поради продолжена астматична криза
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица