Македонија
1. September 2016 - 9:34

Интерактивна изложба „Промисли - учи од природата“

Во Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ денеска ќе биде отворена интерактивната изложба „Промисли - учи од природата“.

„Промисли учи од природата“ е изложба за значењето на четирите елементи, вода, оган, земја и воздух, за човекот.

Изложбата е наменета за ученици над 12 години кои учат германски јазик, но исто така и за сите кои се интересираат за животната средина.
 
На изложбата, која е во организација на Гете институтот од Скопје, како што вели организаторот, не се нудат едноставни пораки, туку таа поттикнува посетителите и натаму да се занимаваат со темата.