-->
-->
Интер го „торпедира“ Фросиноне
-->
Фудбалерите на Интер славеа над Фрозиноне со 4:0, во последниот натпревар од 13.коло во Серија А. Избраниците на Роберто Манчини со четвртата победа во низа се вратија на челната позиција на табелата.
Против аутсајдерот, првиот гол за Интер го постигна Бијабијани по половина час игра. Предноста на Интер потоа ја дуплираше Икарди, а последните два гола беа постигнати во самиот финиш.
Најпрвин деби голот во Серија А го постигна дефанзивецот Муриљо во 87.минута, а пет минути подцна точка на мечот стави Брозовиќ.
Интер е лидер со 30 бодови, два повеќе од Наполи и Фиорентина и три повеќе од Рома, во наредното коло во дербито ќе играат Наполи и Интер.
Резултати, Серија А 13.коло:
Верона-Наполи 0:2
Атланта-Торино 0:1
Карпи-Киево 1:2
Фиорентина-Емполи 2:2
Џенова-Сасуоло 2:1
Лацио-Палермо 1:1
Удинезе-Сампдорија 1:0
Интер-Фрозиноне 4:0
Болоња-Рома 2:2
Јувентус-Милан 1:0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива