-->
-->
Интензивна берба на овошје во Куманово, Липково и Старо Нагоричане
-->
Интензивно се бере овошјето на подрачјето на територијата на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Реколтата најчесто се користи за сопствени потреби, а дел се нуди и на локалните пазари, информира Бранкица Димковиќ од подрачната единица на МЗШВ Куманово.
Кајсијата била засадена на површина на 44,7 хектари од кои на 34 ја саделе индивидуалните земјоделци, а претпријатијата на површина од 10,7 хектари. Досега биле обрани 12 хектари од насадените површини, при што бербата целосно ја завршиле фирмите и откупени се 158 тони кајсија.
Производителите годинава саделе праска на површина од 22 хектари, од кои 19 хектари саделе земјоделците, а три претпријатијата.
Според информациите на подрачната единица, очекуваното производство е 396 тони, од кои 360 претријатија, а земјоделците 36 тони. Остварениот просечен принос кај земјоделците е 19 тони, а досега биле откупени 28,5 тони количини праска. Крушата годинава била насадена на 73,9 хектари. Претпријатијата ја саделе на површина од 8,9, а земјоделците на 65 хектари. Годинава се очекува да бидат произведени 1.386 тони, од кои 1.365 ќе произведат земјоделците, а претпријатијата 21 тон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Пандов
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Филков ја разреши Даниела Алексовска Стојановска од работната група за измените во Кривичниот законик
-
ВМРО–ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со препукувањата за судијката Алексовска Стојановска
-
Собранието со јавна расправа за подобра безбедност во сообраќајот
-
Запленети 1 милион евра во акцијата Вардар, фалсификувани пари пронајдени и во 6 европски држави
-
Проширена истрагата за Адитив - Осомничени уште 8 лица