Индустриското производство во јуни со раст од 3,7 отсто на годишно ниво
Индустриското производство во јуни годинава во однос на јуни лани е зголемено за 3,7 отсто, додека во периодот јануари - јуни 2023 година, споредено со истиот период од минатата година бележи пораст од 1,5 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, бележи опаѓање од 1,6 проценти, а пораст во секторите Преработувачка индустрија од 1,4 проценти и во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 39,9 проценти.
ДЗС посочува дека зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во одделите: Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, бележи пораст кај Енергија за 17,7 проценти и Капитални производи за 15,6 проценти, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1,4 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 7,2 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за еден процент.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Фани Каранфилова Пановска
-
Бубрежно болните на дијализа спас гледаат во трансплантација
-
Шокантни сведоштва
-
Ниту обвинителството ниту судот немаат против Јахоски да се брани од слобода
-
Власта бара итни оставки по интерпелациите, судски да свика седница
-
Антикорупциска ќе ги проверува тендерите во Министерството за дигитална трансформација
-
Започна изградбата на македонско-грчки граничен премин „Маркова нога“
-
ЕУ перспектива?