Инцидент на Бадник во Загреб: Жена ги навредувала православните верници, полицијата ја приведе
Православните верници синоќа се собраа во центарот на Загреб во Соборната црква Преображениот Господово во текот на литургија по повод православниот Божиќ.
Верниците ги вознемирил инцидент кој го предизвикала жена која се дерела и ги навредувала, објави РТЛ.
„Се дереше, викаше и ги навредуваше православните вернции. Полицијата реагираше за десетина секунди и тоа е за пофалба. Никој од верниците не реагираше. Вакво нешто не смее да се случи, посебно на еден вака голем верски ден. Утре е Божиќ и православните ќе го дочекаат по својата традиција како и секоја година, рече новинарот на РТЛ Борис Мишевиќ во своето јавување во живо.
Полицијата брзо ја однела жената која го предизвикала инцидентот.
„Добивме дојава. Нашите службеници брзо си ја завршија својата работа, а жената доби прекршочна пријава поради нарушувањето на јавниот ред и мир“, изјавија од загребската полиција.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Јован Деспотовски
-
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека ДУИ и СДСМ го уништуваат здравството и во последните денови од владеењето
-
Продолжуваат преговорите за влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, учеството на Знам неизвесно
-
СДСМ се подготвува за нов лидер
-
Нов хаос на Клинички, цела ноќ ќе нема вода - операции не се прават и во кумановската болница
-
ФЕД нема да ги намали каматите, ЕЦБ ќе почне од следниот месец
-
Холанѓаните пристигнуваат - Охридскиот аеродром раздвижен
-
ЦУК со иницијатива до Град Скопје