-->
-->
Именувани директори на осум национални институции од културата
-->
Министерот за култура Асаф Адеми по спроведените конкурси именуваше директори на осум национални установи со полн мандат од четири години.
Како што објави Министерството за култура, Гордана Змејковска е именувана за директор на Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид, Маја Андоновска-Илијевски за директор на Центарот за култура во Битола, Роска Илиева - на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино.
За директор на Народниот театар Битола со полн мандат е именуван Иван Јерчиќ. Благоја Атанасоски - на Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Прилеп, Бобан Хусениковски - на Музеј-Гевгелија, Васо Ристов е именуван за директор на Македонската опера и балет и Ердоан Максут - за директор на Турски театар-Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ бара, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа храна без ДДВ
-
Минчев: Некомпетентите јавни службеници ќе се доедуцираат преку посебна академија
-
Директорот на Детска брои чиј мандат имало повеќе починати деца - ДСЗИ во надзор за последниот смртен случај на Клиниката
-
Епохално археолошко откритие
-
Николоски: Важна средба на Мицкоски со Макрон
-
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да ја отвори истрагата за мазутот во ЕСМ
-
ДКСК: Екс министерката за култура трошела незаконски
-
Минчев: Новото законско решение ќе биде уставно