-->
-->
Иљараменди се врати во Сосиедад
-->
Асиер Иљараменди по две неуспешни сезони кои ги мина во мадридски Реал се врати во својот матичен клуб Реал Сосиедад. Реал го продаде Иљараменди за 17 милиони евра, со опција наредното лето да може да го откупи неговиот договор по истата цена.
Иљараменди во јуни 2013 година стана најскапото шпанско засилување во историјата на Реал, откако ‘кралскиот клуб’ на Сосиедад му плати 32 милиони евра, но во две сезони на „Сантијаго Бернабеу“ тој имаше само епизодна улога.
„Многу сум среќен што се вратив дома, сакам да оствариме добри резултати во новата сезона“, рекол Иљараменди.
Иљараменди со Реал Сосиедад потпиша шестгодишен договор, а во старо новиот клуб на дресот ќе ја носи четворката.
Играчот од редот за врска дебито ќе го има в сабота пред домашната публика на „Аноета“ против Спортинг Хихон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце