Илјадници куќи во опасност поради шумски пожар во близина на Лос Анџелес
Властите во Калифорнија извршија евакуација на жителите во стотици куќи што се наоѓаат во близина на шумскиот пожар кој беснее источно од Лос Анџелес.
На сопствениците на други 5.000 куќи засега само им е препорачано да ги напуштат нивните домови, но не им е наредена евакуација.
Во борба со огнената стихија се ангажирани 843 пожарникари, поддржани од 16 авиони.
Поголем шумски пожар беснее веќе 18 денови во реонот на калифорнискиот парк Биг Сур на западниот брег. Таму огнот е ставен под контрола 46 проценти, едно лице загина, а уништени се 57 куќи.
За гаснење на пожарот се мобилизирани над 5.000 пожарникари, 405 пожарникарски возила, 41 цистерна, 14 хеликоптери и 67 булдожери.
Калифорниските власти беа принудени да затворат на неопределено време пет национални паркови, кои се наоѓаат долж автопатот кој ги поврзува Сан Франциско и Лос Анџелес.
Ново на Сител
-
Дрво падна врз жена во Скопје | ВИДЕО
-
Полицаец го напуштил работното место па пукал во воздух
-
Мемов: ЗНАМ ги „отвора вратите“ за сите членови на СДСМ
-
Од силниот ветер падна дрво во близина на „Веро Џамбо“
-
По најавите за поројни дождови УХМР со апел за внимание во одредени региони и реони
-
МВР: Лажни се поканите до граѓани за наводна тековна истрага
-
Лажна закана за бомба на аеродромот во Приштина
-
Топ Билд: Асфалтната база во Визбегово промовира индустриски еколошки напредок