Илиоски: Претседателот на МАНУ да реагира на изјавите на Бугарскиот национален институт
ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од претседателот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) да реагира на изјавите на директорот на Бугарскиот национален историски институт.
Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека Таки Фити како претседател на МАНУ има обврска да ги брани националните интереси, но оти тој со недели не се произнесува за нападите врз македонската историја, јазик и идентитет, дури и кога го прозиваат дека е подготвен за пари да си го промени идентитетот.
- Јавноста се прашува каков човек е Таки Фити, кога се повлекува и крие додека некој како директорот на бугарскиот национален историски институт, јавно му порачува нему и на колегите од МАНУ дека се луѓе кои сакаат да живеат и да примаат плати. Јавно ги навредува дека знаат за ризикот Зоран Заев да ги избрка од работа сите, ако тргнат против него. Затоа, според Димитров од лични лукративни мотиви велеле секогаш „да“, рече Илиоски во изјава пред МАНУ.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека Република Македонија треба да гради добри односи со соседните земји, но во никој случај на штета на идентитетот, достоинството и угледот на македонската држава и македонските институции.
Ново на Сител
-
Семејството е стожер на љубовта и општествениот развој, порака од трибината одржана во Дебар-живиот симбол на соживот
-
Приведени двајца бегалци од затвор
-
Пресечен транспорт на два килограма кокаин на аеродромот во Скопје
-
Трамп победи и во Аризона, ги освои сите седум свинг држави
-
Од утре променливо облачно и постудено време, на повисоките планини снег
-
Лишен од слобода криумчар на мигранти
-
Скопје меѓу десетте најзагадените градови во светот
-
Утрово најстудено во Берово, измерени -6 степени