ИКЕА вложува 200 милиони евра за да стане „климатски позитивна“
Шведската верига на продавници за мебел ИКЕА најави дека ќе вложи 100 милиони евра за поддршка на своите директни добавувачи да преминат на користење на обновливи извори на енергија.
Сопственикот на брендот „Интер ИКЕА“ соопшти дека планира да вложи и околу 100 милиони евра во проекти за отстранување на јаглерод диоксид од атмосферата преку пошумување и заштита на шумите, пренесе Хина.
Овие вложувања се дел од настојувањата на ИКЕА да стане климатски позитивна, односно до 2030 година да придонесе за намалување на поголемата емисија на штетни гасови со ефект на стаклена градина отколку што самата ИКЕА ги произведува.
ИКЕА произведува околу 10 отсто од сопствениот асортиман на производи, додека останатото го набавува од околу 1.100 добавувачи.
Во септември групата „Ингка“, која во сопственост ги има повеќето продавници на ИКЕА, презеде обврска да ја надмине својата поставена цел до 2020 година да произведе толку обновлива енергија колку што самата ја троши.
Повеќе од 400 компании, вклучувакќи ги ИКЕА, Х&М, Кока-Кола и Сони, се обврзаа да ја поддржат иницијативата на Обединетите нации за ограничување на глобалното затоплување.
Ново на Сител
-
Грчки медиуми: Сиљановска вели дека се однесуваат одговорно кон Договорот од Преспа, се сомнева дали истото важи и за Грција
-
Приведен кавадарчанец за нанесена тешка повреда на неговиот син
-
Студија на ОН: Се зголемуваат ризиците за мигрантите во Медитеранот
-
МВР: 223 возачи казнети за брзо возење
-
Вучиќ за пишувањето на Нова: Се што е напишано е лага, имаме многу фер односи со Русија
-
Би-Би-Си: Се очекува Сунак со следните неколку часа и формално да поднесе оставка пред кралот Чарлс
-
Мицкоски најави нова инвестиција со која ќе бидат вработени над 110 граѓани
-
Пронајдени стари неексплодирани убојни средства гевгелиско, во близина на границата со Грција