Иако има деформирано лице, ова девојче стана интернет ѕвезда
Ники Кристу (11) е блогерка која има тешка форма на деформација на лицето, а снимките од нејзиниот Јутјуб канал, на кој дава совети за убавина достигна гледаност од 2 милиони луѓе.
девојчето од Лондон вели дека никогаш нема да запре и собра неколку илјади фунти преку својот канал кој го следат 35.000 луѓе.
На Ники и е дијагностицирана оваа состојба на 6 години, кога ги забележала вените што и се појавиле на десната страна од лицето.
Две години подоцна, отвори свој ЈуТјуб канакл и почна да дава совети за разубавување и туторијали за готвење на своите верни обожаватели.
Џорџ и Тања, нејзините родители основаа добротворна организација посветена на собирање средства за истражување на артериовенозни малформации, васкуларни проблеми предизвикани од неправилни врски на артерии и вени кои го прекинуваат нормалиот проток на крв меѓу нив. Заедно собрале 55.000 фунти.
Ники вели дека прво помислила дека деформацијата ќе исчезне по некое време.
-Кога имав 7 години сфаатив дека ќе ми бидат потребни операции, третмани, дека нема да излегувам по клубови и да правам многу други работи, како што е одење во училиште. Беше практично страшно, се сожалував себеси, но тогаш сфатив дека постојат многу други работи кои можам да ги правам, рече Ники.
Погледнете го нејзиното видео:
Ново на Сител
-
Првото бебе на скопска Гинекологија е машко
-
Новогодишната ноќ минала мирно без поголеми инциденти
-
Песни и оро во срцето на Скопје, продолжува традицијата стара речиси цел век
-
Отворен ски-центарот „Михајлово“ на Кожуф
-
Мицкоски за Судски совет: Уништен им е кредибилитетот
-
Полска го презема претседателството со ЕУ – од денеска Бугарија и Романија во Шенген
-
Преглед на вестите од светот
-
Новогодишен Дневник 2024