И покрај падот на наталитетот, зголемен бројот на населението во Кина
Минатата година бројот на кинеското население достигна 1,4 милијарди, и покрај тоа што стапката на наталитет на земјата продолжува да опаѓа.
Националното биро за статистика соопшти дека бројот на населението на копното достигна 1,4 милијарди, што претставува зголемување од повеќе од 4,67 милиони.
Работноспособното население, од друга страна, се намали во однос на 2018 година на 896 милиони, додека бројот на лица над 60 години е зголемен за 4,39 милиони и претставува 18,1 отсто од вкупното население.
Кина во 2016 година ја напушти својата долгогодишна политика на „едно дете“ со надеж дека ќе стави крај на, како што се вели, „претстојното демографско цунами“. Но, политиката што им овозможува на градските двојки да имаат второ дете покажа мал успех, како резултат на зголемените трошоци за домување, храна, здравствена заштита и образование.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце
-
Приватните специјализанти освен повисоки плати и здравствено осигурување бараат и системски решенија