И гулаб во затвор поради носење заканувачки писма
Полицијата во Индија притвори во близина на индиско-пакистанската граница гулаб писмоносец со закачено заканувачко писмо од Пакистан, соопштија индиските власти.
Гулабот носел писмо напишано на јазикот урду, официјален јазик на Пакистан, и бил фатен од граничната полиција во градот Патанкот, во индискиот дел на Пенџаб.
Птицата е сместена во притвор, а силите за безбедност утврдиле дека во писмото до премиерот Нарендра Моди е пратена порака: „Моди, ние повеќе не сме истите луѓе како во 1971 година“.
Писмото е потпишано од џихадистичката група Лашкар-е-Таиба, одговорна за терористичкиот напад во Бомбај 2009 година, а полицијата навреде дека пораката е „разбрана многу сериозно“.
Гулабот ќе остане во притвор до завршување на истрагата, а тоа не е прв случај на апсење птици фатени во шпонажа за Пакистан.
Ново на Сител
-
ЕУ перспектива?
-
САД ја обновува воената помош за Украина, како ќе постапи Македонија?
-
80 години Црвен крст – потпишан меморандум со универзитетската фела
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Тежок криминал, а судот само одзема пасоши
-
Армијата бара 300 нови професионални војници
-
Колку сме подготвени за справување со пожарите
-
Црвен Крст на Македонија иницира носење на нов закон за волонтерство