Хуманитарна помош за 14 семејства од ранливи категории во Старо Нагоричане
Волонтери од општинската организација на Црвениот крст Куманово денеска обезбедија помош составена од прехранбени пакети и ќебиња за четиринаесет загрозени семејства кои живеат во отсечените и тешко пристапни села во општината Старо Нагоричане.
Секретарот на општинската организација на Црвениот крст Куманово Бојан Петрушевски, рече дека волонтери од Црвен крст денеска обезбедиле помош за 14 социјално загрозени семејства кои живеат под прагот на сиромаштијата од отсечените, тешко пристапните и завеани терени на селата Кокино, Степанце, Жегљане, Дејловце и Арбанашко.
Акцијата, како што информираат од кумановскиот Црвен Крст, била организирана по претходни контакти со семејствата, а помошта се состоела од прехранбени пакети и ќебиња. Тимовите на Црвениот крст, најави Петрушевски, ќе останат во приправност и подоготовка за дистрибуција на помош и во наредните денови да излезат во пресрет на ранливи категории граѓани во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.
Ново на Сител
-
Јаневска: Можно е враќање на старата концепција за основно образование
-
Приватните превозници ќе ги паркираат автобусите
-
Судскиот совет смета дека распуштањето не е добар чекор
-
Мизрахи: Укинувањето на економските директори го укина дуализмот во здравството
-
Чибишев: 18 луѓе незаконски работеле работеле на Токсикологија
-
Повторно отворена подрачната канцеларија на МЗШВ во струмичко
-
Пациентите со механичка поддршка на срцето бараат поголем ангажман од државата
-
Преглед на вести од светот