-->
-->
Хуманитарна акција „Спортистите даруваа“
-->
Дека спортистите се исклучително хумани луѓе потврдува и акцијата на нашиот автомобилист Игор Стефановски Иџе
Тој во соработка со Агенцијата за млади и спорт и СЦ “Борис Трајковски” организира крводарителка акција по повод Ден на мирот наречена “Спортистите даруваат”.
„Се собравме на овој ден за да направиме големо дело. Ние спортистите да ја направиме најголемата победа, победа во нашиот живот, да спасиме некој човек, да спасиме навивач кој не бодри од трибините, да спасиме некој сегашен, некој иден спортист. Мислам дека со ова ќе испратиме убава порака до сите идни крводарители и хумани луѓе“, изјави Стефановски.
На повикот покрај хуманите редовни крводарители учествуваа сегашни и бивши спортисти и спортски работници, како и вработените во Агенцијата за млади и спорт.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески го искажа своето задоволство што е дел од овој проект потенцирајќи дека хуманоста е една од најдоблесните карактерни особени на човекот, а спортистите се секогаш тука кога станува збор за хуманост.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени три лица од Кавадарци за предизвикување пожар и кражба
-
Во Берово погребално претпријатие откопувало гробови, човечките остатоци ги фрлало на друга локација
-
Вчера казнети 807 возачи
-
Четири лица каснати од кучиња скитници, меѓу нив и малолетници
-
Вежба против несоница
-
Русин осуден на 14 години затвор за предавство во корист на Украина
-
Уапсена 36 годишна прилепчанка затекната при кражба во куќа во Прилеп
-
Некои од најлесните раси кучиња за тренирање