-->
-->
Хуманитарен концерт на Битолскиот детски хор „Ѕвончиња“
-->
Детскиот хор „Ѕвончиња“ вечер во Битола ќе го одржи четвртиот по ред хуманитарен концерт „Пееме до ѕвездите“- посветен на македонската поп иконаТоше Проески.
Организаторите на вечерашниот хуманитарен концерт информираат дека „Ѕвончињата“ пеат за да се сочуваат од заборав песните на Тоше Проески, а собраните средствата ќе бидат донирани во хуманитарни цели.
- Овој концерт е единствен од ваков вид во Македонија и е особено значаен затоа што е инициран и реализиран од деца, со голема љубов за нивниот и наш Тоше. Средствата собрани од претходните концерти беа донирани во Зоолошката градина, Музичкото училиште, Домот за доенчиња и мали деца, а и годинава, собраните средства ќе бидат донирани во хумани цели, се посочува во најавата за вечерашниот концерт што ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура во Битола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата