Хорор среде Европа: Се урна зграда, пет лица загинаа меѓу кои две деца
Пет лица загинаа меѓу кои и две деца на школска возраст, додека четири лица се повредени, а една се води како исчезната откако утрово се урнаа два ката од станбена зграда на југозападот од Полска, соопшти властите од таа земја.
Голем број пожарникари со кучиња ги пребаруваат урнатините во градот Свјебоѓице, а не е исклучена можноста причина за уривањето на двата ката од троспратната зграда да е предизвикано од експлозија на гас.
Властите соопштија дека потрагата по луѓето ќе продолжи и во текот на ноќта/
На местото на несреќата која се наоѓа на 420 километри југозападно од Варшава се упати и премиерката на Полска Беата Шидло.
Гувернерот на таа област Богдан Козухович изјави дека таа зграда е изградена во периодот на Втората светска војна, неодамна е реновирана и дека била во добра техничка состојба.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје