Хорор несреќа: Се запали автобус полн со хрватски ученици во тунел во Швајцарија
Во тунел во Швајцарија денеска целосно изгоре автобус кој превезувал сплитски средношколци.
Кога го виделе огнот настанала паника, но сите ученици навреме успеале да излезат од автобусот и никој не е повреден, објави Далмација данас. Сплитските средношколци последните неколку дена престојувале во Швајцарија на одмор.
„Според наводите на еден родител на многу ученици од автобусот им изгореле документите, па и мобилните телефони, така што не успеале да јават што им се случило, а на некои им изгореле куферите со облека“.
„Ми се јави синот по оваа несреќа и веднаш нагласи дека сите се добро. Сепак, првиот час време поминав во страв, зошто не знаев никакви детали, а после еден час, едвај успеав да го добијам синот“, раскажа еден од родителите.
„Автобусот се запали и изгоре во тунел. Во Швајцарија последните седум дена на скијање престојуваа ученици од различни училишта од Сплит, кои со три или четири автобуси, денеска се враќаа кон Сплит“, изјави еден родител.
„Агенцијата сега бара замена на автобусот со кој ќе се вратат дома, а како ќе ја поминат границата кога им изгореа документите, не ми е познато“, раскажува еден родител.
„Сите ученици сега се наоѓаат во пожарникарскиот дом во близина на тунелот во кој се случи несреќата. Сите се на сигурно и на топло“, соопштија швајцарските власти.
Ново на Сител
-
Обилни врнежи град го отежнаа сообраќајот на автопатот Скопје-Штип
-
Рокас: Судството мора да има средства и буџет за независна работа
-
Гутереш: Украина има легитимна влада
-
Трамп разговарал со претставници на Мјанмар, ветил помош за земјата
-
Рубио: Русија се согласува на прекин на огнот, но поставува услови
-
Уште еден американски осуденик побара смртната казна да биде извршена со стрелање
-
Хамас: Се интензивираат разговорите со посредниците за прекин на огнот во Појасот Газа
-
Џеј Ди Венс пристигна на Гренланд, ги посети американските војници во базата Питуфик