Рубио: Русија се согласува на прекин на огнот, но поставува услови
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека Русија се согласува на прекин на огнот, но под услови кои бараат анализа.
- Тие се среќаваат со нас. Разговараат со нас. Даваат предлози. Се согласуваат на прекин на огнот, но со услови што треба да ги анализираме… И никогаш не реков дека ќе биде лесно“, рече тој на брифингот, коментирајќи го процесот на постигнување договор, соопшти Стејт департментот.
Рубио не верува дека Русите ги одолговлекуваат мировните преговори и дека Вашингтон треба „да направи многу работа на двете страни“, особено со Русите, со кои САД „не комуницирале со години“.
Тој додаде дека војната меѓу Русија и Украина е сложена и трае повеќе од три години и нагласи дека никогаш не рекол дека ќе биде лесно да заврши и да се постигне мировен договор.
Рубио изјави дека не може точно да каже кога ќе биде постигнат мировен договор за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина и дека „тоа не зависи од САД“.
- Се обидуваме да постигнеме мир. Посветени сме на обидот да постигнеме мир онолку долго колку што е потребно. Тоа не значи дека можам да ви гарантирам договор за една недела или еден месец. Едноставно не можам да поставам временска рамка за тоа, бидејќи тоа не зависи од нас. Тоа е до Русите и Украинците. Тоа зависи и од нашите партнери во Европа кои имаат санкции кои, верувам, ќе треба да се земат предвид како дел од каков било конечен договор – рече Рубио.
Според него, напредок се постигнува кога ќе се договорат барем деталите, бидејќи, како што наведе, треба да се утврди преговарачката позиција и кои се пречките за мир.
Што се однесува до подготвеноста, тоа ќе се тестира кога ќе дојде време за потпишување или ако се соочиме со пречки и се уште има отпор од едната или другата страна, тогаш ќе знаеме. Но, се уште не сме во таа фаза, рече американскиот државен секретар
Ново на Сител
-
Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино