Хисени: Претседателот Мета го прекрши Уставот со двете нозе, мора да биде разрешен
Претседателот на анкетната комисија, за разрешување на претседателот Илир Мета, Алкет Хисени, гостувајќи во емисијата „Вистинска приказна“ на Њуз 24 рече дека „комисијата собрала факти дека Мета го прекршил Уставот со двете нозе оти треба да биде разрешен“.
Додаде дека владејачкото мнозинство воопшто не се чувствува гордо што е во таква ситуација, но, смета дека, неговото разрешување ќе послужи како порака за идните генерации.
-Извештајот ќе биде усвоен од Собранието, бидејќи е придружен со целосни докази што создаваат силно убедување за пратениците дека се соочуваме со кршење на Уставот. Ние не прејудицираме за одлуката што ќе ја донесе Парламентот. Претседателот мора да го брани единството на нацијата. Оваа втора страна на паричката е многу важна. Би сакал парламентот да покаже единство, рече Хисени.
Посочи дека Мета направил две тешки прекршувања на Уставот а тоа е неговото однесување во изборната кампања и недипломатските изјави, пред се кон американската амбасадорка.
-Не зборуваме за квалитетот на личноста и поединецот, туку за околу милион гласови на мнозинството. Не сум горд што сме во оваа ситуација, туку да останеме цврсти и ова да биде порака за генерациите. Сакам да го посочам и несоодветното однесување на претседателот со меѓународните претставници. Сведоци сме дека претседателот постојано војувал со дипломатските претставници, пред се со американската амбасадорка, нагласи тој.
Тој е убеден во, како што вели, добрата одлука на пратениците и очекува новиот парламент да го избере идниот шеф на државата, по конституирањето во септември, но сепак „се зависи од тоа кога и како ќе се произнесе Уставниот суд по одлуката на законодавниот дом“.
Извештајот на комисијата и гласањето за разрешување на Мета ќе бидат на дневен ред на пленарната седница на 9 јуни, по што истата оди на разгледување пред уставните судии.
Ново на Сител
-
Чешкиот „Блек Хок“ слета на аеродромот Скопје
-
Пронајдено телото на 16-годишната Теодора
-
Трамп: Русија ќе се соочи со нови санкции од САД доколку не ја заврши војната во Украина за 10 дена
-
Активни три пожари на отворен простор од вкупно 20 пожари
-
Создадовме болид со кој ќе се тркаме на светски трки | Ненад и Димитар | Sitel Podcast 106
-
ЕУ планира да замрзне дел од средствата за Украина додека не завршат реформите
-
Муцунски: Генерален конзулат во Корча - затоа што грижата за Македонците во Албанија се мери со дела
-
Од 1 септември нови мерки најавува Вучиќ „за луѓето, особено за средната класа и посиромашни“