Фудбал
2. March 2016 - 9:26

Хет-трик за Шурле во триумфот над Хановер

 
 Волфсбург го победи Хановер со 4:0 на отворањето на 24.коло од Бундеслигата, а најзаслужен за триумфот беше Андре Шурле со три погодоци.
 
На вториот синоќешен дуел Инголшатд и Келн одиграа нерешено 1:1.
 
Останатите седум натпревари од оваа рунда се играат вечерва со почеток во 20 часот. Двојките се:
Баерн Минхен – Мајнц,
Шалке – Хамбургер,
Баер Леверкузен – Вердер,
Борусија Менхенгладбах – Штутгарт,
Херта – Ајнтрахт,
Хофенхајм – Аугсбург и 
Дармштат – Борусија Дортмунд.
 
Табела: Баерн 62 бода, Борусија Дортмунд 54, Херта 39, Борусија Менхегладбах 36, Мајнц 36, Баер 35, Шалке 35,...