Хашим Тачи положи заклетва како нов претседател на Косово
Хашим Тачи денеска положи заклетва во косовскиот Парламент, со што го започна својот петгодишен мандат како претседател на Косово.
На полагањето заклетва не присуствуваше опозицијата. Свечената инаугурација на новиот претседтаел е закажана за утре.
Како што наведува и самиот текст на заклетвата, Тачи истакна дека целосно ќе се посвети на зачувување на „косовската независност, суверенитет и територијален интегритет“, како и на „гарантирање на човековите права и слободи, почитување и заштита на Уставот и законите, чување на мирот и благосостојбата на сите граѓани“.
Тачи на оваа функција ја замени досегашната косовска претседателка Атифете Јахјага.
За утре првпат е планирана церемонија за инаугурација на новиот претседател, која ќе биде организирана на централниот плоштад во Приштина. На неа ќе учествуваат околу 1.200 гости од 50 земји.
Лидерот на Демократската партија на Косово беше избран за шеф на државата кон крајот на февруари во третиот круг од гласањето во Парламентот.
Ново на Сител
-
Охрид се подготвува за Водици
-
ЕУ нотираше - отпадот во Македонија не се рециклира
-
Во 2025 година о. Штип очекува да инкасира 60 милиони денари по основ данок на имот
-
Живот зависен од батерии
-
Преглед на вестите од светот
-
Експерти: Стабилна влада во Софија отвора пат за дијалог со Скопје
-
Тема на денот со Бојан Трпевски, Македонско здружение на млади правници
-
Ново проширување на позитивна листа на лекови на лето