Харадинај: Немаше никаков судир со Макрон во Берлин
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ги демантира наводите на дел од домашните медиуми за негов наводен судир со претседателот на Франција за време на самитот на лидерите од Западен Балкан во Берлин, јави дописникот на МИА од Приштина.
Харадинај денеска им изјави на новинарите дека на почетокот со Макрон разговарал на француски, а не верува дека „тие што седеа по ходници“ и кои ги пренеле информациите за наводен конфликт со францускиот претседател воопшто го разбираат тој јазик.
– Видов неколку изјави. Зборуваат тие што седеа по ходниците. Тие воопшто не знаат што се случуваше. Јас прво разговарав на француски јазик со Макрон и не знам дали тие што седеа по ходниците воопшто разбираат француски. Тој е почитувана личност и поминавме многу подобро отколку што мислат некои. Исто и со канцеларката Ангела Меркел, изјави Харадинај.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива