Свет
2. November 2017 - 12:24

Хамнеи: САД се „непријател број еден“ за Иран

САД за Иран се „непријател број еден“, изјави денеска иранскиот врховен лидер ајатолах Али Хамнеи.

Тој во говорот што се пренесуваше на телевизија наведе дека Техеран никогаш нема да подлегне под притисокот на Вашингтон за нуклеарниот договор.

- Американското непријателство насочено кон иранскиот народ... Америка е непријател број еден... Никогаш нема да го прифатиме нивното силеџиство за нуклеарниот договор, посочи Хамнеи.