Свет
5. August 2024 - 10:28

Хамас го избра Халед Машал за привремен лидер

Палестинското исламистичко движење „Хамас“, кое управува со Појасот Газа го избра Халед Машал за привремен лидер, јавуваат арапските медиуми.

Според изворите на порталите Ал-Арабија и Ал-Хадад, лидерите на групата се согласија Машал да биде на чело на Хамас до одржувањето на нови избори.

Машал, кој беше лидер на групата од 1996 до 2017 година и сега живее во Катар, е избран за привремен лидер на движењето по убиството на Исмаил Ханија. Ханија беше убиен во среда во Техеран, а Хамас и Иран најавија одмазда против Израел, кого го обвинуваат за нападот. Лидерот на Хамас беше погребан во петокот во Катар, откако ден претходно во Техеран се одржа погребната церемонија.