Гвардиола: Знам зошто сме во оваа ситуација
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не беше задоволен од ремито на гостувањето кај Лидс (1:1). Неговиот тим поведе рано со голот на Рахим Стирлинг, но во второто полувреме Родриго му донесе бод на домашниот тим.
– Беше интересен и квалитетен натпревар. Двата тима бараа победа од почеток до крај. Имавме неколку многу добри позиции до паузата и моравме да постигнеме повеќе од еден гол. Лидс е одличен тим. Тие доминираа во Чемпионшип и сега им оди одлично.и во Премиер лигата, прокоментира Гвардиола.
Тој вели дека знае во каква ситуација се наоѓа тимот и знае која е причината за оваа ситуација.
– Постојат неколку работи што треба да ги направиме. Лошото е што веќе изгубивме 5 бода. Марсело Биелса ме праша што мислам за натпреварот, но јас одговорив дека не можам да анализирам што се случило толку брзо, додаде каталонскиот стручњак.
„Граѓаните“ се на 10-то место во поредокот со 4 бода од 3 одиграни натпревари. Повратникот во елитата Лидс има 7 бода од 4 натпревари и ја зазема 5-тата позиција.
Ново на Сител
-
Околу 9.000 вработени во „Мајкрософт“ ќе добијат отказ
-
Со сателетски снимки ги лоциравме дивите депонии во државата | Мартина и Mирко | Sitel Podcast 101
-
Пожарот во Валандовско не е ставен под контрола, се шири во два крака
-
Нетанјаху повика на целосно елиминирање на Хамас, организацијата разгледува предлог за примирје
-
Киев тврди дека руската армија егзекутирала 268 украински воени заробеници
-
Шумски пожар на вториот крак на Халкидики
-
Расправата за ребалансот продолжува утре
-
Кривична за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги