Гвардиола за 3:0 против Евертон: Го контролиравме натпреварот од првата минута и одигравме одлично
Пеп Гвардиола ја пофали играта на Манчестер сити на денешниот натпревар (3:0) со Евертон во Премиер лигата.
Меѓу два натпревара во полуфиналето на Лигата на шампионите моравме да одиграме тежок натпревар против Евертон, кој неодамна постигна пет гола против Брајтон. Од првата минута ја презедовме играта во свои раце и имавме одличен натпревар. Треба да оствариме уште две победи за да станеме шампиони. Противникот се бранеше длабоко, а неговите контранапади се импресивни – од овој аспект очигледно е најдобар во лигата. Но, ние ја контролиравме играта, делувавме трпеливо и ги напаѓавме слободните зони. Гундоган беше одличен во упадот во шеснаесетникот, тоа беше многу, многу важно. Секоја победа ни дава сила за следниот натпревар. Следно – домашен полуфинален натпревар со Реал Мадрид, што да кажам? Им реков на играчите да се обидат да се опуштат и да го направат она што го правеа во последните 4-5 сезони, рече тренерот на Манчестер сити.
На три кола пред крајот во Премиер лигата, Манчестер сити е прв со 85 бода, четири повеќе од Арсенал кој е на втората позиција.
Ново на Сител
-
Koледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
Тема на денот со Александар Николоски министер за транспорт и врски
-
Коледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
МПЦ за коледарските огнови и како се одбележуваат Бадник и Божиќ
-
Партиите се скараа чиј е патот Страцин - Крива Паланка?
-
Колку ќе загуби македонската економија во влезот на Бугарија во Шенген зоната?
-
Град Скопје обвинува: Од 15 институции надлежни за загадувањето, реагираме само ние
-
Работа и по пензионирање