Гувернерот на Калифорнија: Трамп ќе остане запомнет како „лажго, криминалец или будала“
Гувернерот на американската сојузна држава Калифорнија Џери Браун изјави дека претседателот Доналд Трамп ќе остане запомнет како „лажго, криминалец или будала“.
Браун говореше на климатската конференција во Сан Франциско, организирана откако Трамп нареди повлекување на САД од Парискиот климатски договор. Калифорнија реши сепак да ги почитува одредбите од договорот и претстави амбициозен план за затворање на преостанатите термоцентрали и електрифицирање на возниот парк. Над 4.000 учесници, меѓу кои и првите луѓе на Мекдоналдс и Волмарт, актерите Харисон Форд и Алек Болдвин, и поранешниот градоначалник на Њујорк Мајкл Блумберг учествуваат на конференцијата чија цел е да се дискутира за начини како одделни американски држави да го намалат испуштањето на јаглерод диоксид.
Трамп неодамна жестоко ги критикуваше калифорниските власти токму по прашањето на екологијата, велејќи дека поради нивното лошо менаџирање со водните и шумските ресурси некогаш плодните калифорниски полиња се суви, а милиони неисечени суви дрва предизвикуваат смртоносни пожари.
Ново на Сител
-
Приведен бегалец од затвор
-
По вчерашното невреме: Се поплави „8ми Септември“ - Затворени операционите сали
-
Позната е новата цена на струјата
-
Одложено судењето за случајот со спортските ваучери на АМС
-
100 години „СКОПСКО“ – Секој има своја приказна со „СКОПСКО“
-
Левица со кривична пријава против Африм Гаши, поради неодземањето на мандатот на Талат Џафери
-
Брнабиќ: Курти уште еднаш покажа дека не сака дијалог
-
Приведени двајца кумановци поради кражба