Гувернерот на Калифорнија побара од Трамп да прогласи вонредна состојба во државата за проблемот со браната
И денеска останува во сила наредбата за евакуација на десетици илјади жители на Северна Калифорнија, а инженерите работат на зацврстување на оштетениот преливник и на испуштање на водата од браната Оровил, што се преполни од дождовите, пред нови невремиња да го зафатат регионот, соопштија британските медиуми.
Останува во сила наредбата за евакуација на 188.000 лица, додека се прави проценка на ризикот за луѓето кои живеат во долината на реката Федер, соопштија локалните власти.
- Се прави се што е во наша моќ да ја обезбедиме браната и луѓето да се вратат во своите домови и без страв и во безбедни услови да живеат во нив. Многу е тешко, изјави синоќа на прес-конференција гувернерот на Калифорнија, Џери Браун.
Браун од претседателот Доналд Трамп побара во Калифорнија да се прогласи вонредна состојба за да може на државата да и се доделат федерални средства за санирање на зафатените реони.
Вчера попладне беа спуштени големи корпи со камења со кои се наполнија пукнатинате во оштетениот преливник, посочуваат британските медиуми.
Ново на Сител
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
Тема на денот со Стево Пендаровски, поранешен претседател
-
Агелер: Уставните судии да бидат само судии
-
Мицкоски: Не се согласувам со мислењето на Коцевски дека не сторил тешка дисциплинска повреда
-
Мицкоски за паркингот на Клиника: Одлука на Влада нема, договор не е потпишан
-
Со законски измени против поскапување на производите
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
СДСМ на Осмомартовски марш