Гутереш: Поделениот свет не успеа да одговори на пандемијата
Поделениот свет не успеа да одговори на предизвикот за борба против пандемијата на Ковид-19, изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и укажа дека е потребна конкретна акција за да се спречат милиони лица да се соочат со сиромаштија и глад.
Гутереш рече дека можеше да се постигне многу повеќе ако земјите беа обединети во борбата против пандемијата.
– Пандемијата на Ковид-19 е најголемиот глобален предизвик за целата меѓународна заедница, за мултилатерализмот и за мене, како генерален секретар на ОН, изјави Гутереш за португалската новинска агенција Луса.
Пандемијата е тест кој меѓународната заедница, засега, не успева да го помине, додаде тој.
Генералниот секретар на ОН предупреди дека, доколку не се преземат координирани мерки, коронавирусот може да турне милиони луѓе во сиромаштија и глад, со катастрофални економски последици во следните години.
Гутереш исто така ја критикуваше меѓународната заедница за недостигот на единство во обидот да се справи со другите глобални предизвици, како што се конфликтите во Авганистан, Јемен и Сирија.
Коронавирусот досега е потврден во над 210 земји и територии во светот. Од почетокот на пандемијата заразени се над 39,6 милиони луѓе, а повеќе од 1,1 милион починале.
Ново на Сител
-
Следната недела ќе бидат познати кадровските решенија по заминување на АА од Владата
-
Мицкоски: Ако има зголемени цени, можно е враќање на замрзнатите маржи
-
Врховен суд ја укина пресудата против Васил Јованов за поседување и трговија со наркотици
-
Основните и средни училишта во Кочани должат 10,5 милиони мкд кон КПЈ „Водовод“
-
Преглед на вестите од светот
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи