Гутереш: Косовските политичари да внимаваат на своите изјави за Судот за ОВК
Косовските политичари да се воздржат од давање остри и потпалувалчки изјави за Специјалниот суд кој ќе ги истражува воените злосторства извршени од страна на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК), с е наведува во извештајот на генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш за Косово.
Како што јави српската државна телевизија РТС, според Кабинетот на Гутереш, функционирањето на Специјалниот суд е важно за да се обезбеди правдата за сите жртви во војната во Косово,
Реакцијата на Гутереш доаѓа по изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи дека судот суди само на една страна во конфликтот и не придонесува кон меѓуетничко помирување. Според Тачи, Судот е фокусиран пред се на злосторствата што ги извршиле командантите и припадниците на ОВК.
- Ги повикувам косовските лидери да покажат зрелост во изјавите за Специјалниот суд, пишува во извештајот на Гутереш, подготвен за редовното заседание на Советот за безбедност на ОН за Косово.
Советот за безбедност подготвува извештај за Косово на секои три месеци, а САД, Франција и Британија бараат овие извештаи да се прават еднаш на шест месеци. Србија, Русија и Кина се против овој предлог.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Кој ги заклучил вратите во „Пулс”? - СДСМ со обвинувања за селективност во истрагата
-
Арсовска добила нови закани, Мицкоски повика МВР и ОЈО да постапат по пријавите
-
ЛДП поднесува предлог-закон за една изборна единица и отворени листи
-
Филипче бара фокус на ЕУ агендата
-
ВМРО-ДПМНЕ за модуларните
-
Какви предности ќе донесат измените на Закон за царини?
-
Се подобрува здравствената состојба на дел од повредените во трагедијата во Кочани