Гутереш е загрижен поради оставката на либанскиот премиер
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш синоќа изрази загриженост поради оставката на премирот на Либан, Саад Харири.
- Генералниот секретар е загрижен поради веста за предлогот за оставка на либанскиот премиер Саад Харири. Тој се надева дека сите страни ќе се фокусираат на напорите да го поддржат континуитет и работата на државните институции во Либан во согласност со Уставот и зачувувањето на државната безбедност и стабилност, истакна портпаролот на Гутереш, Стефан Дижарик.
Либанскиот премиер Саад Харири во саботата ненадејно соопшти дека поднесува оставка на функцијата и при тоа ги обвини шиитското движење Хезболах и неговиот сојузник Иран дека се обидуваат „да го присвојат" Либан.
- Поднесувам оставка од премиерската функција, изјави Харири, во обраќање емитувано на саудиската сателитска телевизија „Ал Арабија".
Харири го обвини Техеран за мешање во односите меѓу арапските држави, апелирајќи при тоа за „укинување на иранското оружје“ во регионот на Блискиот Исток.
Тој оцени дека сегашната политичка клима во Либан потсетува на онаа од времето кога беше убиен неговиот татко Рафик Харири и дека се плаши оти постои и заговор и за негово убиство.
Ново на Сител
-
Најстудено во Битола -4 степени, најмногу снег на Попова Шапка
-
Франција издаде нов налог за апсење на Башар Асад поради извршени воени злосторства
-
Поради дефект без вода корисниците од плоштадот Македонија до Македонска пошта и ул. Орце Николов
-
Намалена видливост поради магла на планинските премини Ѓавато и Пресека
-
Променливо облачно со сончеви периоди, по котлините магла
-
Новиот државен секретар Рубио потврди дека САД ќе работат на ставање крај на војната во Украина
-
Раст на фјучерсите на американските берзи по новите укази на Трамп
-
Ѓоковиќ ќе го предадеше мечот со Алкараз доколку го загубеше вториот сет