-->
-->
Гут триумфираше на велеслаломот во Линц
-->
Швајцарската скијачка Лара Гут е победничка на петата велеслаломска трка сезонава во рамки од Светскиот куп во алпско скијање која денеска се одржа во австрискиот ски-центар Линц.
Гут до својата четврта овосезонска победа стигна со вкупно време од 2:06:00 минути., што беше за 12 стотинки подобро остварување од второ рангираната Тина Вејратер од Лихтенштајн, додека третото место и припадна на Германката Викторија Ребенсбург која заостана 30 стотинки зад Швајцарката.
Американката Линдзи Вон која е второпласирана скијачка во Генералниот пласман, не ја заврши трката, па така сега Гут има 658 бода, односно 158 бодови повеќе од Вон.
Веќе утре, одново во Линц ќе се вози слаломска трка
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Шефот на НАТО: На Украина никогаш не и било ветено членство
-
Зеленски: Нема да прифатиме договори меѓу САД и Русија без учество на Украина
-
Кривична против две лица од Скопје, обид за убиство
-
Кривична против сопственик на угостителски објект во Струга, сомнение за кражба на електрична енергија
-
15-годишно девојче пријавено за исчезнато
-
Бојкотите продолжуваат: Драматично зголемување на цените на храната во ЕУ и Западен Балкан
-
Шолц: Нема милост за уапсениот за нападот во Минхен, тој мора да ја напушти земјата
-
ЕУ внимателно го следи случајот со истрагата и апсењето на градоначалникот на Тирана, соопшти портпарол на Еврокомисијата