Гугл формира кризен фонд за борба против забраната на Трамп
Компанијата Гугл формираше кризен фонд во износ од четири милиони долари за да им помогне на вработените и другите луѓе, кои се погодени со новата миграциска политика на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува „Индепендент“.
Трамп во петокот потпиша указ, со која на три месеци се забранува влез на државјани од седум претежно муслимански земји и на четири месеци се стопира приемот на бегалци.
Како одговор на оваа мерка Гугл вети дека ќе донира два милиона долари, а дополнителни два милиона ќе донираат вработените во Гугл.
Овој кризен фонд наводно претставува најголема сума пари, која овој Интернет гигант некогаш ја донирал во хуманитарни цели.
Парите ќе ги добијат четири организации, Американската унија за граѓански слободи (АЦЛУ), Центарот за правна помош на мигрантите (ИЛРЦ), Меѓународниот комитет за помош (ИРЦ) и Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР).
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Избори во Хрватска – Милановиќ фаворит за втор мандат
-
Teма на денот со Благојче Атанасовски, политиколог
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец
-
Oткупот на тутун скоро при крај
-
Амбулантите се полнат, пикот на грипот се очекува кон крајот на месецот