Грузија донесе закон за семејни вредности и против промоција на хомосексуалните односи
– Грузискиот парламент денеска усвои закон за „семејни вредности“ и против „промоција на хомосексуалните односи“, кој Европската унија, САД и организациите за човекови права го осудија како ограничување на правата на ЛГБТ заедницата.
Законот, кој е сличен на оној што постои во Русија, беше одобрен од членовите на владејачката партија Грузиски сон на гласањето што го бојкотираше опозицијата.
За него гласаа 84 пратеници, а никој не беше против. Треба да биде потпишан од прозападната претседателка Саломе Зурабишвили, а доколку таа одбие да го стори тоа, претседателот на парламентот ќе го потпише. Текстот забранува „промоција на хомосексуални односи и инцест“ во образовните институции и ТВ емисии, а протестите и собирите ќе бидат ограничени.
Групите за човекови права ја критикуваа формулацијата, која го поистоветува инцестот со хомосексуалноста. На почетокот на септември, Европската унија оцени дека тоа „ги поткопува основните права на Грузијците и ризикува да ја зајакне стигматизацијата и дискриминацијата на дел од населението“.
Претседателот на парламентот Шалва Папуашвили, кој го поддржа предлог-законот, вели дека целта на текстот е „да се зајакне механизмот за заштита на малолетниците и семејните вредности врз основа на заедницата на жена и маж“.
Ново на Сител
-
Среќна Нова 2025 Година
-
Спекакуларни прослави за новогодишната ноќ
-
Првото бебе на скопска Гинекологија е машко
-
Новогодишната ноќ минала мирно без поголеми инциденти
-
Песни и оро во срцето на Скопје, продолжува традицијата стара речиси цел век
-
Отворен ски-центарот „Михајлово“ на Кожуф
-
Мицкоски за Судски совет: Уништен им е кредибилитетот
-
Полска го презема претседателството со ЕУ – од денеска Бугарија и Романија во Шенген