Груевски-Хан: Исполнети условите за одржување на изборите
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и комесарот за европска, соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан на денешната средба констатирале дека се исполнети условите за одржување на предвремените парламентарни избори на 11- ти декември, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Груевски посочил дека изборите се едиствениот начин за излез од политичката криза, а за веродостојноста на целокупниот процес и градењето на доверба потребен е ангажманот и придонесот на сите полиички субјекти. ВМРО-ДПМНЕ, рекол претседателот на партијата, принципиелно се придржува и го дава својот придонес во исполнување на политичкиот договор постигнат меѓу партиите.
На средбата било разговарано и за предизвиците со мигрантската криза каде Република Македонија во досегашното справување даде значаен придонес, при што за понатамошни активности било заклучено дека е потребно заедничко и координирање делување соглашно стратешките определби на Унијата.
На средбата, како што стои во соопштението, соговорниците размениле мислење за повеќе сфери и области вклучително актуелните политички случувања, темата со изборите и случувањата со мигрантската криза.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест