Груевски: Дополнителни 17 пратенички места за победникот на изборите за стабилна влада
Предлагаме мнозински изборен модел и 17 дополнителни пратенички места за онаа партија која ќе победи на изборите со што ќе се обезбеди стабилна влада, изјави денеска премиерот Никола Груевски.
Тој појасни дека тоа е предлогот што ВМРО-ДПМНЕ го дале во рамки на разговорите за изборниот модел кои се во тек.
- Мнозинскиот модел го имаат многу држави и успешно функционира, а ние го имаме во нашата земја и сега при изборот на градоначалници. Градоначалниците се избираат по мнозински систем, а исто така и пратениците од дијаспората. Така што имаме искуство со тоа, имавме искуство и во минатото и нашиот предлог е да се оди на мнозински систем затоа што до израз во голема мера доаѓа и личност која граѓаните ја бираат за пратеник, изјави премиерот Груевски при денешната посета на општина Студеничани.
Тој додаде дека денеска би дал уште една понуда и појасни дека тоа е тоа е можноста која ја има во некои држави и предвидува победничката партија да добие плус 17 пратеници за стабилност на владата која што ќе работи.
- СДСМ тврдат дека ќе бидат победници на наредните избори. Тоа е нивно право да го тврдат тоа, но доколку веруваат навистина дека ќе бидат победници, ние им нудиме да изгласаме закон со кој победничката партија кога ќе завршат изборите да добие плус 17 пратеници. Со тоа се формира стабилна влада и нема изговор потоа зошто не се реализирале некои проекти. Значи, таа стабилна влада ќе обезбеди четиригодишен мандат, ќе обезбеди да нема можност за уцени од некои помали партии, ќе имаат сериозно мнозинство, ќе имаат стабилност, државата ќе има стабилност и таа влада би можела да функционира целосно фокусирана на решавање на проблемите на граѓаните, рече Груевски.
Ново на Сител
-
Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови
-
Протест пред обвинителството во Нови Сад: Граѓаните бараат ослободување на активистите
-
Во Италија вратена и втората група мигранти од кампот Ѓадр во Албанија, но и дел од вработените
-
Муцунски: На седумте амбасадори им завршува мандатот, во моментов течат консултации и наскоро ќе почне процес на именување нови амбасадори
-
Мерц: Избори во февруари e добро решение
-
Дарио Ивановски е спортист на годината, награди и за легендарните Хаџиевски и Радиќ
-
Маж избодел две девојчиња и двајца мажи, случајни минувачи во Урошевац
-
Кина: Возач намерно удри со автомобилот во толпа, загинаа 35 лица